Тошевски заврши со позајмицата во Шибеник, се враќа во Австрија Клагенфурт

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски заврши со позајмицата во Шибеник и се враќа повторно во Австрија Клагенфурт, клубот за кој потпиша договор до јуни 2025 на почетокот од оваа година.

Тошевски веќе се збогуваше со хрватскиот клуб, сега чекорејќи кон нов предизвик во кариерата.

„Беше ова неверојатно искуство во Шибеник. Благодарам на сите тренинзи, натпревари и незаборавни моменти на терен. Горд сум што бев дел од една одлична екипа. Благодарам на незаборавната поддршка. На клубот му посакувам многу успех во натамошните натпреварувања“ – истакнува Тошевски.

Се вчитува...