Српскиот фудбалер Душко Тошиќ и дефинитивно не сака да мине преку аферата која неговата сопруга Јелена Карлеуша ја имала со репрезентативецот на БиХ, а за која веќе сите се свесни дека постоела.
Иако на почеток се чинеше дека се само таблоидски приказни, откако во јавноста се појавија фотографии, порака и видео снимки јасна е вистинитоста на аферата. Па, како што пренесуваат српските медиуми Тошиќ веќе контактирал адвокат покренувајќи постапка за развод.
„Кога почна целата таа приказна сите ние кои го познаваме Душко рековме дека се ќе мине како и да не се случило доколку не се појават докази. Сепак, испливаа фотографии, снимки, пораки и цела Србија ја виде неговата гола жена со момче кое во фудбалскиот свет важи за лево сметало. Само ден потоа излегоа и сите оние пораки како му зборува на љубовникот дека сопругот си го гледа како брат. Душко веќе знаеше дека сето тоа е вистина“ – вели за „Ало“ извор близок до српскиот репрезентативец кој е и негов поранешен соиграч.
„Само еден час откако сите можни портали ја објавива преписката на Јелана со тоа момче ми заѕвони телефонот и видев дека е тој. Знаев дека веќе пресекол и дека се разведува, а мене ме бара да се распраша за разводот затоа што и јас самиот сум разведен. Добар адвокат мене ми помогна да го сочувам тоа што сум го заработил и да ги осигурам децата. Пријатели сме 10 години и мојот развод го минавме заедно. Се шегувавме дека еден ден и тој ќе го мине истото. И ете дојде и тој ден. Ми кажа дека не може повеќе да издржи и следниот ден веќе го контактираше мојот адвокат за почеток на постапка за развод од Карлеуша“ – дополнува изворот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА