Откако не доби шанса во Барселона, со месеци се шпекулира дека Миралем Пјаниќ ќе ја промени средината. Репрезентативецот на БиХ се поврзуваше со голем број клубови, а веста дека заминува во Турција беше вистинска ’бомба’.
Пјаниќ одлучи да ја продолжи кариерата во Турција и да стане член на Бешикташ. Се се случи „преку ноќ“, а на фотографиите во Истанбул се појави и Душко Тошиќ, кој на крајот од фудбалската кариера реши да заплови во менаџерските води.
Сопругот на Карлеуша веднаш направи голем трансфер, а челниците на Бешикташ останаа зачудени. Тоа се случи на почетокот на септември годинава, а се работи за едногодишен договор.
„Секој почеток е тежок, како и во менаџерската работа. Влегов во костум без официјално да ја завршам кариерата. Еве како се случи. Имав неколку понуди летово, но го чекав Бешикташ. Сакав да ја завршам кариерата само во два клуба, или во Црвена звезда или во Бешикташ. Седејќи во Истанбул со тренерот на Бешикташ Серген Јалчин, почнавме да зборуваме дека му треба играч од средниот ред. Веднаш се сетив на Пјаниќ, контактирав со неговиот агент Нермин Ченгиќ и многу брзо го завршиме трансферот … буквално за неколку минути. Тренерот Сергеј Јалчин не можеше да поверува дека го доби играчот на Барселона. Беше во чудо“, изјави за ‘Курир’ поранешниот српски репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА