Неверојатен дебакл доживеа македонскиот шампион Е. Пелистер во последниот натпревар од групната фаза, со што изгуби шанса да се пласира во финалето на Меѓународниот ракометен турнир во Добој.
„Пелистерци“ вечерва сосема неочекувано загубија од Загреб со 18 гола разлика (37-19), во натпревар во кој уште на полувремето македонскиот тим имаше негатива од 11 гола (20-9).
Кај Е. Пелистер најефикасен беше Цикатиќ со пет гола, а голманот Филип Ивиќ заврши со 11 одбрани.
Македонскиот шампион, на крај, го освои третото место во својата група поради најслаба гол-разлика и покрај тоа што освои 6 бода, како и Загреб и Татабања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА