Екипата на ПСВ Ајндховен е последниот патник во осминафиналето во Лигата на шампионите откако вечерва пред своите навивачи по продолженијата славеше со 3-1 против Јувентус.
Во само 24 часа, Јувентус е третата италијанска екипа, по Милан и Аталанта, која доживува елиминација во 1/16-финалето од Лигата на шампионите.
Во регуларниот дел мечот заврши со предност од 2-1 за ПСВ, идентично како што „Старата дама“ славеше на првиот натпревар во Торино.
ПСВ поведе со голот на Перишиќ во 53. минута. Откако Веа во 63. минута израмни на 1-1, Саибари во 74. минута повторно ги доведе Холанѓаните до предност.
Па, во продолженијата, Фламинго стрелаше во 98. минута за ПСВ за конечни 3-1 и елиминација на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

