Сосема очекувано екипата на Блокотехна од Гевгелија славеше повеќе од убедлива победа на гостувањето против Шкупи во Чаир со 53-102 (18-21,15-29,15-25,5-27) во 15. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Домашните на гостите успејаа да парираат единствено во првата четвртина. Се останато беше тотална доминација на кошаркарите на Блокотехна кои имаа само еден полесен тренинг натпревар.
Најефикасен во победничкиот тим беше Колев со 20 поени, дополнети и со осум скока. По 17 поени постигнаа Глигоријевиќ, кој имаше и 13 скока и четири асистенции, и Делипетров, а 12 поени постигна Колев. Кај домашните се издвоија Велески (11 поени и 7 скока) и Тасков со 10 поени и 9 скока.
За Блокотехна ова беше 12-та победа во 14-от натпревар сезонава, избивајќи сега на втората позиција на табелата пред МЗТ Скопје кој има 11 победи но и натпревар помалку. На врвот е Работнички со 12 победи и само еден пораз од 13 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА