Тотален „делириум“ – Пристигна Де Брујне (ВИДЕО)

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне го напушти Манчестер Сити ова лето по десет сезони и е подготвен за нови предизвици на највисоко ниво. Го одбра шампионот на Серија А, Наполи, и работа со Антонио Конте.

Белгиецот, кој го постигна победничкиот гол (4-3) против Велс во неодамнешниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026, се појави во Рим денеска предизвикувајќи тотален „делириум“, опкружен со толпа новинари, фоторепортери и навивачи.

„Кевин, Кевин, Кевин“, го бодреа навивачите на Наполи кои се собраа пред влезот на зградата каде што ќе биде подложен на медицински прегледи.

Иако сè уште не стапнал во Неапол, знае што го чека малку подалеку на југ врз основа на пречекот што веќе го доби во Рим, кој му го приредија 150 многу бучни навивачи.

Слични сцени од претходната сезона беа видени по доаѓањето на Ромелу Лукаку на истото место. Италијанските новинари велат дека сега, сепак, атмосферата меѓу собраните навивачи била уште побурна, поемотивна, причината за тоа може да биде неодамна освоената титула, еуфоријата што не стивнува.

Се вчитува...