Лионел Меси се уште се наоѓа на годишен одмор и е слободен играч, но нема никаква дилема дека тој наскоро ќе потпише нов договор со Барселона. Сите детали се веќе средени, а според каталонскиот весник „Спорт“, новиот договор ќе биде со важност до јуни 2026 година.
Со ова Лапорта не само што успеа да го задржи Меси на „Камп Ноу“, поправајќи ја штетата од нарушените односи меѓу Аргентинецот и екс-претседателот Бартомеу, туку и се погрижи Лео до крајот на кариерата да продолжи да го носи дресот на каталонскиот гигант. Мора да се истакне и „жртвувањето“ на Меси, кој се согласил на намалување на платата од над 50% во однос на она што го заработуваше до минатата сезона, се со цел да помогне Барселона да ги надмине сериозните финансиски проблеми со кои се соочува.
Деталите се договорени, а за официјализација се чека каталонскиот гигант да го намали буџетот за плати што веќе е сериозно надминат. Поради ова, Барса во следните денови ќе ги интензивира преговорите за праќање на позајмица на Пјаниќ и на Умтити, како и за продажба на Бреитвајт. Штом се отвори простор во буџетот, новиот договор со Меси ќе биде официјализиран, а Аргентинецот веднаш ќе пристигне во Барселона и ќе му се стави на располагање на тренерот Куман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА