Тотален хаос – Дербито заврши, Тухел и Конте за малку ќе се степаа (видео)

За жал, одличното дерби меѓу Челси и Тотенхем остана во сенка на големиот инцидент што се случи по завршувањето на дуелот на „Стемфорд бриџ“.

Конфликтот што почна во второто полувреме кулминираше по последниот свиреж, Конте му подаде рака на Тухел, но Германецот видно бесен поради загубените два бода на неговиот тим го повлече ривалот.

Веднаш настана мешаница, за среќа реагираа помошниците од стручниот штаб кои не дозволија посериозен инцидент, а судијата Тејлор им покажа црвени картони и на Тухел и на Конте.

Се вчитува...