Тотален хаос на УФЦ настан: Жестока физичка пресметка на трибините меѓу две УФЦ-ѕвезди (ВИДЕО)

Вистински хаос за време на одржувањето на УФЦ 296 во Лас Вегас. УФЦ-ѕвездите Шон Стрикленд и Драјкус Ду Плесис имаа физичка пресметка на трибините, одлучувајќи и пред своите деца на најнизок начин да ги решат несогласувањата од прес-конференцијата која беше ден претходно.

И двајцата најпрво ден претходно на прес-конференцијата жестоко вербално се пресметаа како најава за нивната борба на УФЦ 297. Стрикленд беше означен како губитник во војната на зборови.

Па, сега откако се сретнаа за време на настанот UFC 296 повторно најпрво вербално се пресметуваа и потоа и физички.

На крај реагираше и полицијата која го изнесе Стрикленд од салата.

Се вчитува...