Тотален хаос на мечот од полуфиналето во Купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ кој е прекинат по само десеттина минути игра во второто полувреме.
Мечот го прекинаа навивачите на Фенербахче кои во текот на мечот константно ги гаѓаа со тврди предмети играчите на Бешикташ. Се кулминираше на почетокот од вториот дел кога беше погоден и тренерот на гостите Шенол Ѓунеш. Веднаш потоа резервниот голман на Бешикташ, Толга Зенгин се упати кон трибините да се пресмета со навивачите, по што од трибината почна да лета се и сешто…
На крајот фудбалерите на Бешикташ мораа да се повлечат од терен, тренерот Ѓунеш итно е префрлен во болница, а натпреварот е комплетно откажан.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој подолго време е во немилост кај тренерот Кочаман, воопшто не беше меѓу 20 фудбалери за овој натпревар. Фенербахче сосема извесно ќе се збогува од можност да игра финале во Купот на Турција, поради фактот дека „црно-жолтите“ по овој инцидент дефинитивно ги чека суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА