Тотален хаос во ФЦСБ: Газдата Џиџи Бекали ги смени двајцата капитени среде мечот во Скопје, кои беснееја покрај аут-линијата!

Тотален хаос во редовите на романскиот шампион ФЦСБ и за време на натпреварот со Шкендија во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали во второто полувреме, како што пренесуваат романските медиуми, наредил замена на двајцата капитени во тимот Олару и Шут кои во 63. минута од средбата беа заменети со Овидиу Периану и Мариус Стефанеску. Токму поради таквата одлука, Олару и Шут при напуштањето на теренот отворено го демонстрираа своето незадоволство.

Но, токму по нивните замени следеше голем пад во играта на ФЦСБ и по само две минути, Шкендија дојде до предност од 1-0.

Па, уште за време на мечот, во директниот пренос на „Дигиспорт“, Џиџи Бекали отворено им пресуди токму на Периану и Стефанеску…

„За нив повеќе нема место во овој тим. Од утре ќе бидат избришани од списокот за европските натпревари, а на нивно место во ростерот ќе бидат Малком Еџума и Алекс Балута. Тие двајца не заслужуваат повеќе да играат“ – изјави во преносот во живо Џиџи Бекали.

Се вчитува...