Тотален копалс во Солнок: Кошаркарите убедливо поразени од Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во претквалификациите за СП 2027, овојпат на гостувањето против Унгарија со резултат . „Црвено-жолтите“ се мачеа на долги периоди од мечот, а најскапо го платија катастрофалниот старт на втората четвртина, кога противникот со серија од 16-0 практично и го реши прашањето на победникот. По ваквиот исход, сега нашите шанси за пласман во главната рунда од квалификациите се сведени на теорија, па во ноември најверојатно ќе стартуваат со претквалификации за Евробаскет 2029, со ривали послаби од Романија и Унгарија, кои се покажуваат како преголем залак за македонските кошаркари во моментов.

Македонија го почна мечот со истата стартна петорка како и против Романија, со Магдевски на плејмејкерс, помогнат од Митревски, потоа Мекиќ, Какруки и Американецот Вајли. На првите поени на нашата селекција чекавме до 4. минута, кога Вајли погоди тројка за да го намали водството на домаќините на 6-3. Немоќта на двете страни од теренот придонесе Унгарците уште во раната фаза да поведат со 16-7, по што селекторот Илиевски беше принуден да побара тајмаут во 7. минута. Советите вродија со плод, Лука Стојановски погоди важна тројка, во следниот напад прецизен беше и Магдевски, па негативата беше намалена на 16-12. Новата украдена топка и лесна реализација на Магдевски значеа и минимални 18–17 за Унгарија, за првата четвртина да ја завршиме со „минус еден“ (19-18).

Почетокот од втората четвртина мина во знакот на домашниот состав, кој за 90 секунди ја врати предноста на убедливите „плус 9“ (27-18). Следеше блокада врз Мекиќ, па две слободни фрлања на спротивната страна по кои Унгарија стигне и до првото двоцифрено водство на мечот (29-18). „Црвено-жолтите“ исто како и во првата четвртина повторно не постигнаа поени во првите три минути, а противникот го искористи тоа за да поведе со 34-18, пред Илиевски да го побара вториот тајмаут на натпреварот. Првите поени во четртината ги постигнавме во 15. минута преку Симиќ на асистенција на Мекиќ (35-20).Нападот почна да функционира, но во најлош момент за нас профункционира и шутот од далечина на Унгарците, кои лесно го контролираа водството и на одмор заслужено заминаа со конечните 53-37.

фото: fiba.basketball

Домаќините веќе во 22. минута за првпат стигнаа и до позитива од 20 поени (57-37) Унгарските кошаркари продолжија со целосна контрола над резултатот, во 25. минута веќе ја погодија десеттата тројка на натперварот, додека ние на спротивната страна не успевавме да влеземе во серија добри моменти, ниту во нападот ниту во одбраната. Хот погоди тројка за 67-51, при овој резултат не искористивме напад за дополнително да ја намалиме негативата, по што Унгарците влегоа во последните 10 минути со убедлива предност од 70-51.

Остатокот од натпреварот мина во рутинско одржување и зголемување на убедливата предност на домашната селекција. Македонскиот селектор побара тајмаут кога разликата порасна на 25 поени (78-53), но унгарската доминација продолжи, за помалку од една минута негативата веќе изнесуваше 31 поен (84-53). Шутерското шоу продолжи, па Унгарија во 35. минута ја погоди својата 15. тројка (од 21 обид), поведувајќи со преубедливи 89-53. Македонија постигна само седум поени во последната четвртина, наспроти  на противникот, па неизбежен беше преубедливиот пораз изразен со конечните .

Противникот постигна 15 тројки на натпреварот, доминираше и во скок-играта (43-29 за Унгарија), а во ова катастрофално издание најефикасни во нашиот табор беа Вајли со 15, Магдевски со 11 и Симиќ со 10 поени.

Македонските кошаркари следниот предизвик го очекуваат веќе на 13 август, кога во Орадеа ќе гостуваат на Романија, селекција која е лидер во нашата претквалификациска група.

Се вчитува...