Тотален распад во соблекувалната на Барса: Чави одлучи да го остави Де Јонг на трибини, а тој приредил хаос пред сите!

Барселона прописно се намачи да дојде до победата на синоќешниот дуел во Ла Лига против Алмерија, која пристигна на гостувањето во каталонската престолнина како единствен тим без победа во досегашниот дел од првенството во Шпанија.

Во второто полувреме Барса дојде до до победата, најмногу по вина на големиот број промашувања, поради што до последен момент се бореа за трите бода.

Но, Чави синоќа се одлучи и да одмори неколку првотимци меѓу кои и Френки де Јонг кој последниот период е можеби и во најдобра форма од сите. Па, видно беше разочаран поради таа одлука што го забележаа и камерите во директниот пренос. Сето тоа пред мечот директно му го кажал и на Чави.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Де Јонг верувал дека ќе биде стартер па се шокирал кога видел дека оди на трибини. Имал жесток разговор со Чави кој се обидел да објасни зошто донел таква одлука, но Де Јонг не сакал ниту да чуе па приредил и хаос во соблекувалната пред сите.

Незодоволството во соблекувалната на Барселона меѓу играчите е се поголема и тоа од оние кои се важен фактор во тимот. Тоа и тоа како е проблем за Чави кој ќе има сериозни акции следната година да го врати тимот на вистинскиот пат.

Се вчитува...