Баерн Минхен се соочува со сезона без титула во Германија, поради што и тоа како е јасно дека престојново лето ќе има тотална чистка во баварскиот тим.
Во моментов единствено се сигурни само четворица фудбалери, Нојер, Милер, Мусиала и Кејн, а сите останати се соочуваат со можност за заминување од клубот.
Нов спортски директор од март се очекува да биде Макс Еберл, и неговата задача ќе биде сосема јасна – неопходен процес на промени во екипата и продажба на одредени ѕвезди. Но, најважното ќе биде се конструира нов тим по заминувањето на лидерите како Давид Алаба, Тиаго и Роберт Левандовски.
Факт е дека на Баерн Минхен му недостасува лидер во одбраната. Упамекано се покажа дека не може да командува со одбраната, а Ким има проблеми со комуникацијата. Многумина го видоа Де Лихт како иден лидер на последната линија, но Томас Тухел не смета сериозно на неговите услуги.
Кога е во прашање средниот ред, фрустрацијата со која се соочува Кимих по замената во неодамнешниот пораз од Бохум совршено ја опишува целата ситуација. Се чини дека е преоптоварен со улогата на водач на терено, и мора да има поддршка за да може да функционира. Сето тоа треба добро да го смисли Еберл за да Баерн Минхен се врати на шампионската слава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА