ТОТАЛНА ДЕМОНСТРАЦИЈА НА МОЌ: Барселона ги демолираше „кралевите“ среде Мадрид!

Тотална демонстрација на каталонска моќ на „Ел Класико“ во 11. коло од Ла Лига. Барселона целосно го демолираше Реал Мадрид на негов терен на „Сантијаго Бернабеу“ триумфирајќи со неверојатни 0-4.

Неверојатно издание на Барселона во второто полувреме во кое беа постигнати сите четири гола. Извонредна партија на момците на Ханси Флик кои покажаа дека младоста комбинирано со искуството на Роберт Левандовски се неверојатно оружје за „кралеви“.

Левандовски прв ја почна серијата на Барселона. Најпрво во 54. минута „Лева-гол“ одлично по земја шутираше по асистенцијата на Касадо.

А, веќе во 56. минута одличен центаршут на Балде од лево, а Левандовски извонредно со скок со глава сместува во мрежата на „кралевите“.

Во продолжението, Левандовски имаше уште две извонредни шанси и за хет-трик, но дирекот го спречи во тоа. Па, тоа што не му успеа на полскиот репрезентативец го постигна Ламине Јамал во 77. минута и за 0-3.

А, целосното понижување на Реал беше заокружено во 84. минута кога Рафиња погоди за конечни 0-4.


Се вчитува...