Тотална доминација демонстрираа вардаровите голманки Суслина, Песоа и Лејно на Фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта, што е потврдено и преку изборот на ЕХФ на најдобрите пет одбрани од четирите натпревари.
Интересно, но дури четири од петте најдобри одбрани викендов на Ф4 се на „вардарки“. Лејно ги има петтата и третата најдобра одбрана, Песоа е втора според изборот на ЕХФ, а Ина Суслина ја има убедливо најдобрата одбрана на завршниот турнир од годинашнава Лига на шампиони.
* Изборот на најдобрите пет одбрани од Ф4 може да го погледнете на следниот ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА