Тотална доминација на Норвежаните и Швеѓанките на крос-кантри спринтовите

Норвешкиот нордиски скијач Јоханес Хесфлот Клебо го освои златниот медал во крос-кантри класичен спринт на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Во финалето на патеката во Тезер, Клебо ја помина целта за 3:39,74 минути. Тој го освои своето трето едноподруго олимписко злато во спринт, по Олимписките игри во 2018 и 2022 година.

Норвежанецот го освои седмиот златен медал во кариерата на олимписките игри. Во својата кариера, има досега девет медали на олимписките игри.

Среброто му припадна на Американецот Бен Огден (3:40,61), додека друг Норвежанец, Оскар Вике Опстад (3:46,55), го освои бронзениот медал.

Во женска конкуренција во дисциплината крос-кантри класичен спринт, сите три медали им припаднаа на Швеѓанките.

Златниот медал го освои Лин Свон, со време од 4:03,05 минути во финалето. Среброто го освои Џони Сандлинг (4:04,64), а бронзата ја освои Маја Далквист (4:07,88).

Норвешка освои и злато во слободно скијање

Норвежанецот Бирк Руд го освои златниот медал во слободно скијање во дисциплината слоупстајл во Ливињо. Сребрениот медал му припадна на Американецот Алекс Хол, а Новозеланѓанецот Лука Харингтон го освои бронзениот медал.

Се вчитува...