Норвешките крос-кантри скијачи ги освоија сите три медали во скијатлон на Зимските олимписки игри во Пјногчанг.
Златниот медал во дисциплината 15 километри + 15 километри скијатлон во слободен стил му припадна на Симен Хегштад Кругер кој трката ја заврши за 1:16.20 часа. На тој начин го донесе првиот златен медал за својата земја на ЗОИ 2018.
Второто место и сребрениот медал го освои неговиот сонародник Мартин Јонсруд Сундби со осум секунди заостанување, а со бронзата се закити Ханс Кристер Холунд со 9,9 секунди заостанување зад победникот.
Со овие три медали, Норвешка има вкупно 8 медали досега на ЗОИ, од кои 1 златен, 4 сребрени и 3 бронзени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА