Тотална доминација: Швјонтек не и дозволи ниту гем на Анисимова за титула на Вимблдон

Неверојатната полска тенисерка Ига Швјонтек стигна до својата прва титула на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон.

Полјачката во финалето буквално ја прегазиа американската тенисерка Аманда Анисимова не дозволувајќи и ниту еден гем на централниот терен 6-0, 6-0 за нешто помалку од еден час игра во „Ол ингланд“ клубот.

Ова за Швјонтек е вкупно шеста гранд-слем титула, а досега во кариерата ги освојуваше Ролан Гарос четири пати и еднаш УС опен.

Се вчитува...