Најдобриот тенисер во светот, Италијанецот, Јаник Синер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска во големото финале без проблеми, со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3 славеше над Германецот, Александер Зверев.
Синер покажа тотална доминација на овој меч, откако на противникот не му дозволи ниту една брејк-топка во целиот меч.
За Синер ова е втора титула на Австралија опен, откако и лани славеше во Мелбурн парк, додека вкупно трета гранд-слем титула, откако минатата сезона успеа да го освои и Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

