Рускиот тенисер Данил Медведев претрпе тежок пораз во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Медведев беше декласиран од Американецот Лернер Тиен во крајно неочекуван исход, во три сета, со 6-4, 6-0 и 6-3.
Темпераментниот Русин, кој за две недели ќе наполни 30 години, доживеа тотален дебакл од 20-годишно момче. Ги губеше сите први гемови во сетот на својот сервис и никогаш не беше во водство, ниту пак имаше шанса да се надева на пресврт.
Тиен го одигра најдобриот тенис во својата кариера, во еден момент нанижувајќи 11 едноподруго гемови, што многу зборува за рамнотежата на силите на „Маргарет Корт“. Како и фактот дека натпреварот траеше само еден час и 40 минути.
Тиен ќе игра во четвртфиналето против Александар Зверев, кој претходно го победи Франциско Серундоло во три сета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

