Арсенал одигра катастрофален натпревар против Ливерпул, во кој „топчиите“ беа целосно надиграни од противникот и заслужено поразени со убедливи 4-0.
За немоќта на тимот на Арсен Венгер најдобро говори фактот дека Арсенал за 90 минути игра немаше ниту еден единствен шут во рамките на голот на противникот. Алексис Санчез се врати во стартниот тим на „топчиите“ за овој меч, но наместо да ја освежи екипата тој целосно се вклопи во сивилото и беше заменет во второто полувреме.
Само за споредба, Ливерпул го заврши натпреварот со десет удари во рамките од голот на Петр Чех, од кои четири завршија во мрежата на „топчиите“.
Последен пат Арсенал немаше шут на противничкиот гол пред речиси три години, на дуелот со Челси одигран на 5 октомври 2014.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА