Баерн Минхен го претрпе најубедливиот пораз во последните неколку години откако актуелниот германски првак загуби со 5-1 од Ајнтрахт. Нико Ковач настрада од својот поранешен клуб, а нема сомнеж дека оваа катастрофа повторно ќе го зголеми притисокот врз хрватскиот стратег.
Фијаското беше најавено уште во седмата минута, кога Боатенг заработи црвен картон поради старт на работ од шеснаесетникот. Ајнтрахт максимално ја искористи предноста од фудбалер повеќе, постигнувајќи пет гола од пет различни фудбалери, додека единствен стрелец за Баерн беше Левандовски.
Лајпциг одигра неверојатен меч против Мајнц, декласирајќи го овој ривал со 8-0, Тимо Вердер постигна хет-трик за домашниот тим.
Борусија Дортмунд славеше над Волфсбург со 3-0, кршејќи го отпорот на гостите во второто полувреме со погодоците на Азар, Гереиро и на Марио Геце од пенал. Проблем за „милионерите“ е што повреда на овој меч заработи капитенот Марко Ројс, кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме.
Борусија Менхенгладбах на гостински терен го совлада Баер Леверкузен со 1-2 и остана на врвот на табелата, со три бода пред Борусија Дортмунд и четири бода повеќе од Баерн Минхен.
Резултати Германија:
Лајпциг – Мајнц 8-0, Борусија Д. – Волфсбург 3-0, Ајнтрахт – Баерн 5-1, Баер Л. – Борусија М. 1-2, Вердер – Фрајбург 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА