Аргентина и Холандија ги потврдија фаворитските улоги во осминафиналето од Светското првенство во Катар и закажаа меѓусебна битка за полуфинале во петок. Истата може да биде и последна за Лео Меси, а „меси-манијата“ на Блискиот Исток предизвика вртоглав скок на цените за билет.
Ист може да се најде во продажба од 4,500 евра за билет во „регуларниот“ дел од трибините до 7,500 евра за премиум пакет кој носи ручек и место во ложата, односно пет пати поскап од официјалната цена.
Со оглед на тоа што станува збор за можна пензија на аргентинскиот велемајстор, а воедно и „Светско првенство за богати“ се очекува лесна продажба на билетите и по оваа цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА