Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат на центарот на теренот на четвртфиналниот меч во Лигата на шампионите меѓу Нант на Кирил Лазаров и Веспрем на Дејан Манасков.
Нант ќе биде домаќин на првата средба која се игра на 13. мај во Франција, меч на кој главни арбитри ќе бидат токму Начевски и Николов.
Реваншот во Унгарија е закажан за една седмица подоцна, а и покрај очајната сезона на Вардар кој своите настапи ги заврши во осминафиналето, Македонија повторно ќе има свој претставник во името на Кирил Лазаров или Дејан Манасков на Ф4 во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА