„Тотално ме разочара Салах, себичен е“

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во овој момент е поблиску до заминување отколку да остане во клубот, а интересна изјава на оваа тема имаше и Џејми Карагер. На легендата на Ливерпул му пречеше себичноста на Салах во оваа ситуација.

По победата на гостувањето кај Саутемптон во неделата, Мохамед Салах изјави дека не добил понуда од клубот иако е скоро декември и му истекува договорот на крајот од сезоната.

Навивачите очекувано се загрижени, но Џејми Карагер ги гледа работите поинаку.

„Секако дека имаше разговори. Во овој момент, јасно е дека постојат јасни разлики помеѓу тоа што мисли клубот и што размислуваат Салах и неговиот агент за тоа колку долго треба да трае тој нов договор. Значи, причината зошто Ливерпул досега не излезе со понуда е затоа што Салах би ја одбил понудата. Тие преговараат и навистина се надевам дека ќе најдат заеднички јазик“, изјави Карагер.

Се вчитува...