Тотално нова политика на ПСЖ – Веќе ништо нема да биде исто во Париз

Францускиот шампион ПСЖ наводно решил да тргне по сосема поинаков пат во иднина. Клубот повеќе нема да потпишува со најголемите светски ѕвезди кои ќе ги расипуваат односите во соблекувалната и поставени се одредени правила за доведување играчи.

ПСЖ е во сериозни проблеми оваа сезона. Големите ѕвезди направија целосен хаос во соблекувалната и едноставно има премногу ега на исто место кога во ист тим се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос…

Францускиот гигант одлучи да тргне по друг пат од летото што следува. Лионел Меси си заминува од клубот, а желбата е некако и да се продаде Нејмар, а многу е можно уште неколку фудбалери да си заминат од „Паркот на принцовите“.

Угледниот весник „Л’Екип“ наведува дека сега клубот има три главни правила при доведување играчи. Мора да се млади играчи, Французите ќе имаат предност, а посебно ќе гледаме дали потенцијалното засилување е тимски играч.

Во Париз очигледно веќе не сакаат да гледаат големи егоисти. Планот е тимот да се изгради околу Килијан Мбапе, кој ќе биде прва ѕвезда, а остатокот од тимот ќе му бидат помошен персонал.

Се вчитува...