Тотенхем без грешка и во лондонското дерби против Фулам

Победничката серија на Тотенхем продолжи и на последниот натпревар од деветото коло во Премиерлигата. Во лондонското дерби „петлите“ славеа со 2-0 против Фулам.

Натпреварот го отвори Сон со гол во 36. минута, а победата ја потврди Медисон во 54. минута.

Со новите три бода Тотенхем ја задржа првата позиција на табелата со два бода предност пред Манчестер Сити, додека Фулам тоа е четвртиот пораз со кој тимот останува на 13. позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...