Менаџерот на Тотенхем Антонио Конте, нема да се врати на клупата на Тотенхем за лондонското дерби со Челси во недела, изјави помошник тренерот на тимот Кристијан Стелини. Поради здравствени проблеми, тимот во моментов не го води првиот тренер, а се очекува италијанскиот стручњак наскоро да се врати на клупата.
На 1. февруари Конте имаше операција на жолчниот меур, и уште се рехабилитира. Исто така Тотенхем нема да смета на Уго Лорис, Рајан Сесењон, Ивс Бисума и Родриго Бентанкур за дербито со Челси.
„Конте нема да се врати за мечот со Челси. Блиску сме до моментот кога ќе се врати, затоа што полека му се враќа енергијата. Се слушаме 3-4 пати дневно, и навечер. Сакам да бидам тренер кој ги спроведува задачите, но во одреден момент тоа е многу тешко. Секогаш треба да го даваш најдоброто. Сонував еден ден да бидам менаџер, но сега сум асистент и тоа е реалноста“, рече Стелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

