Тотенхем без проблеми славеше против Вест Хем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва во „малото“ градско дерби славеа на гостувањето кај Вест Хем со 0-3 во меч од 4. коло од новата сезона во Премиерлигата.

Откако по првите 45 минути мируваа мрежите водство за гостите од 0-1 донесе Сар во 47. минута. Следуваше нов проблем за домашниот тим бидејќи во 54. минута Соучек доби директен црвен картон.

Бројчаната надмоќ фудбалерите на Тотенхем ја искористија само три минути подоцна кога Бергвал зголеми на 0-2. Конечните 0-3 беа дело на Ван де Вен во 64. минута.

West Ham United 0 – [3] Tottenham Hotspur – M. van de Ven 64'
byu/West_Agent4651 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...