Тотенхем рутински славеше на градското дерби против Ватфорд (2-0), за значајни три бода во битката за место кое води во Лигата на шампионите наредната сезона.
Деле Али го отвори резултатот во првото полувреме по катастрофалната грешка на гостинскиот голман, а потоа при резултат 1-0 фудбалерите на Ватфорд не реализираа две стопроцентни шанси. Казната стигна на почетокот од вториот дел, кога Кејн на асистенција на Трипие погоди за 2-0 и ги отстрани сите дилеми околу победникот на оваа средба.
На три кола до крајот „спарси“ имаат пет бода предност во однос на Челси, огромна позитива во битката за да се стане дел од елитното европско натпреварување наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА