Екипата на Тотенхем е подготвен да ја зголеми својата понуда за крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Савињо. „Глобо“ пишува дека лондонскиот клуб ќе понуди 80 милиони евра за 21-крилниот напаѓач, кого лондонскиот клуб го гледа како идеална замена за Хеунг-Мин Сон кој замина од клубот после 12 години.
Претходно беше објавено дека „Граѓаните“ добиле понуда од 70 милиони евра, која била одбиена.
Агентите на Савињо дејствуваат како посредници, но засега не се гледа желба кај Манчестер Сити да се откаже од услугите на овој млад фудбалер.
Минатата сезона Савињо одигра 29 меча во Премиерлигата, но постигна разочарувачки само еден гол, и имаше осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

