Тотенхем доби ново засилување од 45 милиони евра

Тотенхем на последниот ден од трансфер периодот и официјално ќе го претстави Педро Поро кој во Лондон ќе пристигне од Спортинг Лисабон во трансфер вреден 45 милиони евра, открива Фабрицио Романо.

Дваесетитригодишниот Шпанец беше долго време желба на „петлите“, а и самиот не тренираше со португалскиот клуб во обид да изнуди трансфер во главниот град на Англија. За него тоа воедно и ќе претставува враќање на „Островот“ каде во минатото го носеше дресот на Манчестер Сити.

Се вчитува...