Тотенхем дефинитивно падна во резултатска криза откако „спарси“ вечерва загубија од Лестер со 2-1, што е трет пораз во последните пет премиерлигашки кола. Тимот на Покетино имаше повеќе од поседот над топката, но мајсториите на Варди и на Марез се покажаа пресудни околу победникот на оваа средба, па Тотенхем веќе три кола е без триумф во Премиер-лигата.
Варди со прекрасен лоб удар го доведе Лестер во водство по само 13 минути игра, а пред самиот крај на полувремето со нов евро-гол домаќините зголемија на 2-0, овојпат со ремек-делото на Марез.
Тотенхем во второто полувреме тргна во тотална офанзива, во игра влегоа и Сон и Љоренте, но се што успеаја гостите од Лондон да сторат беше почесниот погодок на Хари Кејн. Љоренте ја пропушти најголемата шанса за израмнување, а во 94. минута во една сомнителна ситуација Тотенхем бараше пенал за стартот над Дени Роуз, но судијата покажа играта да продолжи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА