Тотенхем го избра наследникот на Љорис

Ремонтот во играчкиот кадар на Тотенхем ќе почне со ангажманот на нов голман, нешто што е неопходно ако се знае дека Хуго Љорис летово како слободен играч го напушта лондонскиот клуб.

Прв „пик“ на „спарси“ беше Раја од Брентфорд, но клубот на Шпанецот бараше огромни 40 милиони евра, сума што Тотенхем не сака да ја плати. Во една таква ситуација, лондонскиот клуб го насочи вниманието кон 26-годишниот италијански голман Гуљелмо Викарио, кој се наоѓа пред потпис со Тотенхем. Викарио настапува за Емполи, но важи за еден од најдобрите голмани во „Серија А“. За неговите услуги се интересираше и Интер како евентуален наследник за Онана доколку овој голман биде продаде во Премиер-лигата, што беше причина Тотенхем да ги забрза преговорите и да постигне начелен договор со Емполи.

Според него, почетната сума на трансферот ќе изнесува 20 милиони евра, со дополнителни три милиони врзани преку неколку клаузули. Со овој трансфер, Викарио ќе биде најскапиот продаден фудбалер во историјата на Емполи.

Се вчитува...