Тотенхем го избра новиот тренер и испиша историја во Премиерлигата

Австралискиот стручњак со грчко потекло Ејнџ Постекоглу е новиот тренер на Тотенхем, потврдија од клубот.

Тимот од Лондон соопшти дека потпишал четиригодишен договор со доскорешниот тренер на Селтик. Со тоа Постекоглу ќе стане првиот тренер на премиерлигаш кој доаѓа од Австралија.

Постекоглу со Селтик ги освои шкотската Премиерлига, Лига Купот и Купот на Шкотска. Грчкиот стручњак го презеде тимот од Глазгов во 2021 година, а пред тоа, меѓу другите, ги предводеше и Јокохама, Мелбурн, Бризбејн, како и репрезентацијата на Австралија.

Тотенхем ја заврши сезоната на осмото место во Премиерлигата и не се пласираше во европските натпреварувања.

Се вчитува...