Европскиот вицепрвак Тотенхем се впушти во трка за дефанзивецот на Сент Етјен, Вилијам Салиба. 18-годишниот одбранбен фудбалер се поврзува со трансфер во Арсенал, но Маурисио Покетино исто така изразил желба да го види во својот тим. Раководството на Тотенхем ќе се обиде да го ’украде’ во последен момент и да го доведе на друга локација во Лондон.
Француските медиуми откриваат дека Арсенал ги договорил деталите со Салиба, но Сент Етјен бара отштета од 30 милиони фунти што е тема на преговори меѓу двата клуба. Тотенхем кој заработи многу повеќе минатата сезона и повторно ќе игра во Лигата на шампионите за разлика од Арсенал, би можел многу полесно да ги одвои овие средства и да го потпише Вилијам Салиба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА