Тотенхем го купува Бруно Фернандеш

Финалистот во Лигата на шампионите, тимот на Тотенхем, ќе биде активен на трансфер пазарот ова лето. По најавеното заминување на Кристијан Ериксен, менаџерот Маурисио Покетино и раководството на клубот се обидуваат да доведат адекватна замена. Изборот падна на португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш.

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе плати 70 милиони фунти за ангажманот на 24-годишниот играч за врска. Фернандеш минатата сезона постигна 20 гола во дресот на Спортинг Лисабон на 33 натпревари од португалскиот шампионат. Претходно има искуство и во Италија, каде настапуваше за Новара, Удинезе и за Сампдорија.

Се вчитува...