Англискиот премиерлигаш Тотенхем се обидува да го продаде данскиот интернационалец Кристијан Ериксен, кој најави дека ќе си замине од тимот на Покетино ова лето. За него силно беше заинтересиран Реал Мадрид, но „кралевите“ како малку да се оладија откако за играчот за врска беа побарани 150 милиони евра отштета. Но, сега ситуацијата е многу променета.
Тотенхем би се сложил на продажба на Ериксен и за 70 милиони евра, тврди „Марка“. Реал Мадрид се насочи кон Пол Погба, но најверојатно и овој трансфер нема да се реализира. Тренерот Зинедин Зидан посакува нов квалитетен играч за врска, но не сака да биде и преплатен доколку дојде на „Сантијаго Бернабеу“. Третата опција за „кралевите“ е Дони ван де Бек од Ајакс и тој чини 50 милиони евра.
Актуелниот договор на Кристијан Ериксен со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, што значи дека Данецот или ќе треба да биде продаден или мора да потпише нов договор со лондонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА