Тотенхем гo победи Јуве, Хари Кејн даде гол од половина терен

Европскиот вицепрвак Тотенхем го совлада Јувентус со 3-2 на дуелот од Интернационалниот куп на шампионите што се одигра во Сингапур. Потегот на натпреварот го имаше Хари Кејн кој во судиското продолжение остигна гол од половина терен. По грешката на Адриен Рабио, капитенот на Тотенхем шутираше од голема далечина и го лобуваше Војчех Шчешни за триумф.

Тотенхем го имаше водството по првиот дел со погодокот на Ерик Ламела во 30.минута. Потоа Гонзало Игуаин и Кристијано Роналдо го свртеа резултатот во корист на италијанскиот тим, но Лукас Моура израмни, а Хари Кејн донесе победа за Тотенхем.

Во тимот на Јувентус на овој меч дебитираше и новото засилување од Ајакс, Матијс де Лихт.

Се вчитува...