Тотенхем го прескокна Брајтон во ФА купот (ВИДЕО)

Тотенхем се пласираше во осминафиналето од најстарото фудбалско натпреварување, англискиот ФА куп откако вечерва беше подобар од Брајтон и Хов Албион на домашен терен со 3-1.

Водство за тимот од Лондон донесе Хари Кејн во 13. минута на асистенција на Хојберг. До водство од 2-0 избраниците на Антониот Конте дојдоа со автоголот на Марч во 24. минута. Гостите во 63. преку Бисума намалија на 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Кејн со својот втор гол во 66. минута.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...