Тотенхем го претекна Арсенал: Ѕвездата на Брајтон доаѓа на „Хотспур“

Тотенхем е блиску до ангажирање на третиот фудбалер во летниот преоден рок откако ги договори условите со Брајтон за ангажманот на ѕвездата Ив Бисума, пренесуваат англиските медиуми. Репрезентативецот на Мали ќе пристигне на „Хотспур“ за 26 милиони евра штом се договорат личните услови.

Дваесетипетгодишникот беше трансфер цел на неколку Премиерлигашки меѓу кои и Арсенал, но лондонскиот ривал беше поконкретен во преговорите. Бисума оваа сезона одигра 26 настапи за Брајтон во „елитата“ на англискиот фудбал, а постигна еден гол и забележа две асистенции.

Се вчитува...