Тотенхем го претстави новиот тренер

Како што претходно беше најавено, Томас Франк го презеде тимот на Тотенхем.

Тој на клупата на Спарс ќе го наследи Енџи Постекоглу, кој доби отказ и покрај тоа што го предводеше тимот до трофејот во Лига Европа и пласман во Лигата на шампионите.

Сепак, катастрофалниот пласман во Премиерлигата (17. место) му пресуди на Австралиецот со грчко потекло, а на негово место доаѓа Данецот кој го водеше Брентфорд во претходните седум сезони.

Со Брентфорд избори пласман во Премиерлигата во 2021 година, а четири сезони по ред успеа да го задржи клубот во првата лига.

Преселбата во Тотенхем е нов голем чекор во неговата кариера, а тој потпиша договор со клубот до 2028 година.

Се вчитува...