Тотенхем го смени планот: Ништо од Нагелсман, шпански тренер сега е фаворит за празното место

Тотенхем има нов фаворит во потрагата за перманентен наследник на Антонио Конте, откако челниците на лондонскиот клуб се оладија од интересот за Јулијан Нагелсман. Откако имаше неколку рунди разговори со екс-тренерот на Баерн Минхен, претседателот Даниел Леви веќе не е толку убеден дека Нагелсман е вистинскиот човек за предводник на „спарси“, па наместо кон него вниманието го насочи кон Чаби Алонсо.

Шпанецот имаше блескава играчка кариера настапувајќи за Ливерпул, Реал Мадрид и за Баерн Минхен, а на почетокот на тренерската кариера најавува дека е подготвен и за овој предизвик. Тој за нецела година успеа да го воскресне тимот на Баер Леверкузен, со кого се приклучи на борбата за висок пласман во Бундес-лигата, воедно и обезбедувајќи учество во полуфиналето од Лигата на Европа.

Алонсо важи за модерен тренер кој знае точно што да очекува од своите фудбалери, а со побарувањата околу платата, но и буџетот за засилувања, е далеку под она на што инсистирал Нагелсман. Тој се уште е под договор со „фармацевтите“ од Леверкузен, но „спарси“ се оптимисти дека ако успеат да го убедат да ја прифати нивната понуда за тригодишен договор, ќе испратат понуда за отштета до бундеслигашот и експресно ќе го договорат неговиот потпис.

Се вчитува...