Тотенхем стигна до првиот триумф во новата сезона во Премиерлигата откако на домашен терен славеше со убедиви 4-0 против Евертон. Голеадата започна уште во 14. минута кога мрежата ја затресе Бисума, во 25. минута Сон донесе предност од 2-0, а во 71. и 77. минута Ромеро и Сон одново ја тресеа мрежата за убедлива победа.
Манчестер Сити влезе во победничка низа откако славеше со 4-1 против Ипсвич. Гостите изненадија со гол во 7. минута, но водството траеше само пет минути. Во 12. минута Халанд од пенал донесе изедначување, во 14. минута веќе беше комплетиран камбекот со голот на Де Брујне, а Халанд со својот втор гол во 16. минута донесе предност од 3-1. Норважанецот го комплетираше хет-трикот со гол во 88. минута.
На победа се радуваше и Вест Хем Јунајтед кој триумфираше со 0-2 на гостувањето кај градскиот ривал Кристал Палас. Мрежите мируваа во првото полувреме по што Соучек и Бовен донесоа три бода за „чекичарите“.
Во останатите натпревари:
Фулам – Лестер 2-1
Саутемптон – Нотингем Форест 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА