Екипата на Тотенхем е заинтересирана за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд. Лондонскиот клуб бара динамичен играч со кој ќе ја засили својата офанзивна линија пред следната сезона.
Гринвуд е дел од Олимпик Марсеј, во кој дојде во 2024 година. Англичанецот во 12 настапи во сите конкуренции оваа сезона, постигна осум гола и запиша четири асистенции. Неговиот договор со францускиот тим истекува во јуни 2029 година.
Манчестер Јунајтед исто така е заинтересиран да го врати во своите редови, но прашање е колку самиот играч ќе сака „кам-бек“ на Олд Трафорд, со оглед на минатото. Тој беше обвинет за силување, по што клубот се откжа од него, и тој се пресели најпрво во Шпанија во Гетафе како позајмен, а потоа со перманентен договор со Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

