Тотенхем се засили во нападот со Доминик Соланке. 24-годишниот англиски фудбалер доаѓа од Борнмут. За неговите услуги лондонскиот тим плати 60 милиони евра.
Соланке во минатото беше дел и од Ливерпул, но и во Челси. Во овие два клуба не се истакна многу, но добрите игри и голови во Борнмут му донесоа нова шанса да се истакне во некој од големите англиски клубови.
Соланке е поранешен англиски репрезентативец на младите селекции, додека за сениорската репрезентација има одиграно еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА