Тотенхем запиша убедлива победа на гостувањето против Евертон на „Гудисон парк“ славејќи со 2-6 во 18. коло од Премиер лигата.
Извонредна партија на Тотенхем која следеше откако најпрво домашните во 21. минута дојдоа до предност со погодокот на Волкот. Потоа израмни Сон Хеунг-Мин во 27. минута, а со головите на Деле Али и Хари Кејн уште пред полувремето следеше пресврт за 1-3.
Во вториот дел, Ериксен во 48. минута погоди за 1-4, а Сигурдсон во 51. минута намали на 2-4. Сон Хеунг-Мин со својот втор гол во 61. минута зголеми на 2-5, за да и Хари Кејн со својот втор гол во 74. минута заокружи на 2-6.
Тотенхем со најновите три бода повторно е на 42 бода, шест помалку од водечкиот Ливерпул но само на два бода од второпласираниот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА