Тотенхем го знае наследникот на Мурињо

По четирите порази во последните пет натпревари, Тотенхем падна на деветото место во Премиерлигата, па тренерското место на Жозе Мурињо се наоѓа на „стаклени нозе“. Како што пренесуваат англиските медиуми, Португалецот е „сигурен“ до крајот на сезоната, но ја знаат и замената за „Специјалниот“, доколку искусниот стратег не успее да осигура место кое води во европските натпреварувања.

Главен кандидат за наследник на Мурињо е Џулијан Нагелсман, а на списокот на Даниел Леви се наоѓа и Брендон Роџерс, кој првиот човек на Тотенхем долго време се обидува да го доведе на „Хотспур Арена“.

Покрај Мурињо, на Леви му претстојува и одлука за иднината на Герет Бејл во лондонскиот состав. Се споменува нов договор за позајмица, меѓутоа дали истата ќе ја прифати и Реал Мадрид останува да видиме. Кралскиот клуб сака да се ослободи од големата плата на Велшанинот со цел на „Сантијаго Бернабеу“ да пристигне Килијан Мбапе, па ни престојува интересен трансфер период ова лето.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...